АКВАРИУМ - СМЕСТУВАЊЕ, ГОЛЕМИНА И ОБЛИК
АКВАРИУМ
СМЕСТУВАЊЕ НА АКВАРИУМОТ
Аквариумот може да го сместите било каде во вашиот дом. Благодарение на современата техника аквариумот е потполно самостоен и потребно му е само струја. Сепак Ви препорачуваме да внимавате на следното:
1. Аквариумот не е само сад за риби и билки, тој е украс на домот и треба да се постави во дневниот простор или влезниот простор.
2. Аквариумот треба да е поставен така да до него и неговата внатрешност имаме чист поглед. Кога е сместен блиску до фотеља, треба да биде на постоље со висина од 50-60 цм. , ако пак аквариумот го гледаме од стоечка положба треба да биде поставен на постоње со висина од барем 70-80 цм.
3. Аквариумот мора да има свое фиксно место, полниот аквариум е невозможно да се помести, не само заради тежината туку и заради безбеднос. Секое поместување на полн аквариум носи ризик и од пукање на стаклото. Поместувањето бара потполна реконструкција на аквариумот.
4. Аквариумот мора да се постави на стабилна и совршено нивелирано постоље, и да овозможува доволно простор за работа со него.
5. Треба да се запамети дека на еден литар вода од капацитетот на аквариумот треба да се рачуна од 1.2 - 1.5 кг. вкупна тежина, односно аквариум со капацитет од 50 л. ќе биде тежок од 60-70 кг. зависно од уреденоста на аквариумот.
6. Аквариумот не смее да биде директно изложен на сончева светлина. Опремата за осветлување на модерните аквариуми овозможува доволно количина светлост на рибите и билките во него.
Секако дека и помали аквариуми можат правилно да работат ако се опремини и одржуваат од стручно лице.
Сигурно се прашувате „Дали аквариумот мора да биде правоаголен ?“
Иако нема конечен одговор сепак искуството не учи дека дека правоаголниот аквариум е совршен облик за почетници и секојдневно одржување. Сите останати облици носат проблеми од техничка и финансиска природа.
5. Треба да се запамети дека на еден литар вода од капацитетот на аквариумот треба да се рачуна од 1.2 - 1.5 кг. вкупна тежина, односно аквариум со капацитет од 50 л. ќе биде тежок од 60-70 кг. зависно од уреденоста на аквариумот.
6. Аквариумот не смее да биде директно изложен на сончева светлина. Опремата за осветлување на модерните аквариуми овозможува доволно количина светлост на рибите и билките во него.
ГОЛЕМИНА И ОБЛИК НА АКВАРИУМ
Една од најголемите грешки на почетниците е да се почне да се „собира искуство во акваристиката“ со мал аквариум. Тоа е најголемата грешка која се прави. Многу е поедноставно да се грижите за голем отколку за мал аквариум, а исто така постојат и неколку проблеми со хемиско-физичката рамнотежа во водата. Од таа причина како минимум за слодководен аквариум треба да одберете аквариум со капацитет од 40 л. а 100 л, за морски.Секако дека и помали аквариуми можат правилно да работат ако се опремини и одржуваат од стручно лице.
Сигурно се прашувате „Дали аквариумот мора да биде правоаголен ?“
Иако нема конечен одговор сепак искуството не учи дека дека правоаголниот аквариум е совршен облик за почетници и секојдневно одржување. Сите останати облици носат проблеми од техничка и финансиска природа.
Comments
Post a Comment