ОПРЕМА ЗА АКВАРИУМ - ОСВЕТЛУВАЊЕ

ОПРЕМА ЗА АКВАРИУМ


Аквариумот без опрема е само сад за вода. За да го претворите аквариумот совршено да работи постојат три непходни работи кои треба да ги обезбедите:

  • осветлување
  • автономно греење
  • систем за пречистување на водата


ОСВЕТЛУВАЊЕ

Светлината е една од нијвиталните елементи без кој аквариумот не може да работи. Светлината им треба на билките, алгите, микроорганизмите кој се потребни за исправна работа на аквариумот и на рибите и водоземците кои живееат во аквариумот. 
Од овие причини единицата за осветлување на аквариумот треба да задоволува посебни услови кои делимично се разликуваат од оние кои се сметаат за исправни за човечкото око.

Три услови кои треба да ги земете во предвид :

  1. времетраење на осветлувањето
  2. боја на светлината
  3. количина и интензитет на светлината


- осветлувањето на еден обичен аквариум треба да трае околу 10 - 12 часа на ден. Се препорачува секогаш осветлувањето да се пали и гаси во исто време и потоа аквариумот да не се вознемирува. Докажано и потврдено е дека секој друг начин е штетен за животот во водата.

- бојата на светлината се разликува од типот на единицата за осветлување која ја користиме. Различните типови на флуоросцентни цевки (неонки) кои денес се најраспространети на сметка на цената, долготрајноста и потрошувачката ги има во бела светлина, дневна светлина и фотостимулирачка светлина. 

За да обезбедите совршено осветлување на вашиот аквариум треба да го направите следното:


  1. Илуминација со помош на „мешано светло“ се постигнува со фотостимуланс и светилки со топло светло. Кај слатководните аквариуми процентот на фотостимулирачко светло треба да биде околу 50% , а кај морските аквариуми потребно е нешто помал постоток.
  2. Осветлување со посебни сончеви светилки (многу поскапи од обичните) кои го репродуцираат цел сончев спектар.
  3. Осветлување со метал вапор светилки. Тоа не се флуоросцентни светилки туку тип на светилки кои се монтираат високо над аквариумот и од таа причина аквариумот треба да биде отворен (без капак).
  4. Во последно време се почесто се користи осветлување со лед диоди. Тоа е доста економично осветлување кое обезбедува добра светлина за вашиот аквариум.
Како што е познато секоја светилка има посебна потрошувачка на електрична енергија која е искажана во „watt"-и , ама таа вредност само по себе не го одредува светлосниот ефект кој зависи и од спектарот на светлина, па затоа повеќето произведувачи јачината на светлината која ја дава светилката ја искажуваат во „lumeni".

За сладководните аквариуми со билки кои не бараат многу светлост треба да рачуната околу 30 лукени по литар вода, а во спротивно за слатководни аквариуми со билки кој имаат потреба од многу светлина потребно е 50 или повеќе лукени по литар вода.

Кај морските аквариуми потребно е 40 лумени по литар вода, а кај аквариумите кои имаат корали и други морски безрбетници треба да рачунате од 50-80 лумени по литар вода.

Многу е важно светлината да биде максимално искористена. Тоа значи светлината целосно да ја насочиме кон внатрешноста на аквариумот. Та ќе го постигнете со додавање на рефлектирачка површина на внатрешноста на капакот (алуминиумска фолија).

Последен ама и многу важен предлог е да после одредено време на користење на светилката , истата да се замени со нова иако не е изгорена.Имено сите светилки со текот на работата сите светилки ја губат количината на светлина и заради тоа мора да се менувааат. Често билките после добро растење и напредување почнуваат да стагнариаат и повеќе да не растат. Причина за ова е дотраеноста на светилката. Флуоросцентните светилки треба да се менуваат отприлика секој 8 месеци.




Comments

Popular posts from this blog

AKVARISTIKA ZA POCETNICI

ОПРЕМА ЗА АКВАРИУМ - ЗАГРЕВАЊЕ НА ВОДАТА